Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал предводено од Ислам Абази, ја запре постапката околу изградбата на модуларните болници, без притоа да има кривично гонење на ниту едно правно или физичко лице.”Кабелот е крив”.
Ова е процес кој што трае веќе 5 години и мора да се напомене дека во модуларната болница во Тетово, живи гореа 14 луѓе, а Јавното Обвинителство донесе ваква скандалозна одлука и не утврди одговорност за случајот.
ДЕМОКРАТИ се згрозени од ваквата скандалозна одлука на криминалното Јавното Обвинителство и сметаат
дека за жал, ова е политичка амнестија од страна на обвинителот Абази кон поранешните негови наредбодавци.
Но, еден ден правдата мора да излези на виделина,бидејќи секогаш можат да се појават нови детали која се поврзани со овој процес и овој процес може повторно да стане актуелен и да се покрене од самиот почеток. Докази за сторено кривично дело сигурно постојат и правдата за 14-те трагично загинати лица ќе се обелодени!
ДЕМОКРАТИ се борат против криминалниот правосуден систем, а за правна и функционална држава!


