Министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека во училиштата во новата учебна 2026/27 година ќе имаат околу 300 паралелки помалку, од кои 200 во основното и 100 во средното образование. Исто така, таа најави затворање на 26 рурални училишта, во кои нема ниту едно запишано прваче.
Досега во прво одделение се запишани околу 14.500 деца кои се родени во 2020 година, а според податоците на Државниот завод за статистика, таа година во Македонија биле родени 19.031 деца.
Овие податоци сведочат за драматично намалување на ученичката популација во Македонија. Тоа се должи на масовното иселувањето на семејства на млади и се повеќе деца кои живеат и се школуваат во странство.
Според министерката, намалувањето на бројот на паралелки е дел од процесот на оптимизација на училишната мрежа, особено во населени места каде што останале само неколку ученици.
Целта на оптимизацијата како што објасни министерката Јаневска, е подобра социјализација и поквалитетна настава, наместо децата да учат во училишта со само неколку ученици или во комбинирани паралелки.
„Ако имаме централно училиште во кое има 200 деца, а на 2,5 километри училиште во кое има 18 деца, нема логика да ги чуваме овие 18 деца заробени во тоа училиште“, рече Јаневска.
ДЕМОКРАТИ ја прашуваат неспособната министерка Јанева дали е за фалба таа нејзина измислена “оптимизација”,
300 паралелки помалку, 26 затворени рурални училишта, наставници со неизвесна иднина, села без млади семејства, без деца, а сега и без училишта?
Барем учебниците стигнале навреме оваа година, но за жал се затвораат училишта и паралелки!
Наместо да се прави “оптимизација”- намалување на бројот на пратеници, министерства, јавни функции,
советници, патни трошоци и се што е товар на народниот буџет, се затвораат паралелки и училишта.
Празни училишта, уништени села и градови,
младите и повозрасни граѓани масовно заминуваат, а што прави државата за тоа да го запре??!!
Крајно време е оптимизацијата да почне од функционерите- лебојадачите-криминалците, а не од последното дете во селото!
ДЕМОКРАТИ одамна бараат неспособната министерка Јаневска ИТНО да си даде оставка поради тоталниот хаос во образованието, во изминатите две години. Исто така бараме таа да ја преиспита нејзината изјава:
“Во паралелки со околу 20 ученици би можеле да работат две одделенски наставнички во различни делови од денот, а децата да остануваат во училиштето до 16 часот”.
Според нејзиниот “болен мозок”, наместо во 2 паралелки, учениците ќе бидат во една паралелка -тоа се вика “оптимизација” според неа, а одделенските наставници ќе работат во две смени, додека пак учениците ќе имаат целодневна настава.
Хаотично,збунувачко и неизвесно и за учениците и за наставниците??!!
Но, факт е дека имаме проблем, многу поголем од организацијата на наставата: Македонија има сè помалку деца, демографски се празни државата со млади
работоспособни луѓе и стануваме држава на пензионери. Наместо власта да ја загрижува тој податок, дека младите заминуваат масовно и државата се празни тие измислуваат некакви глупави реформи како оптимизацијата, со која се затвораат училишта во рурални средини и селата уште повеќе се пустошат и уништуваат.
Наместо да се направи нешто добро и да се привлечат младите да останат во државата, со вакви реформи тие ќе продолжат да си одат и од селата и од државата!
ДЕМОКРАТИ: Секогаш се борат и ќе направат се’, младите да останат во државата!


