Според објавените податоци, во училишните клупи има дури 3000 првачиња помалку од минатата година.
Истовремено,148 училишни објекти низ целата држава во моментов остануваат целосно празни.
Дополнително, затворени се и 26 подрачни училишта поради недостиг на ученици во тие региони.
Оваа година има 300 паралелки помалку од минатата година (200 во основното и 100 во средното образование), поради “оптимизацијата”.
Хаос во образовниот сектор, благодарение на неспособната министерка Весна Јаневска со најавената оптимизација-читај затворање на училишта, паралелки и отпуштање на наставници во наредниот период.
Училиштата неподготвени за топлотните бранови, без клима уреди во училниците, а се разбира климатизирани канцеларии на директори-партиски послушници.
Наводно училиштата подготвени за новата учебна година, но за жал без основни средства за хигиена во тоалетите за учениците, како и досега.
Поради сето тоа и тоталниот хаос во образованието, ДЕМОКРАТИ бараат ИТНА оставка на неспособната министерка Весна Јаневска и веднаш да престане со ретардирани изјави од типот: “нема потреба од клима уреди , температурата била 28 степени”, или “децата да им бараат на родителите братче или сестриче да им родат”, за да имаме ученици и сл.
ДЕМОКРАТИ предупредуваат дека овие загрижувачки статистики во образованието ќе продолжат, се додека се неспособни луѓе на власт, кои за жал не превземат никакви мерки да ги задржат младите во државата. Доколку продолжи ваквиот тренд на иселување на младите, последиците за државата ќе бидат катастрофални, непоправливи и долгорочни.
ДЕМОКРАТИ од поодамна предлагаат мерки да се запре трендот на иселување на младите од земјата, како и запирање на миграцијата село – град, заживување на селата, зголемување на наталитетот, а со тоа ќе се спречи затворање на училишта. Обврска на државата е да се мотивираат младите семејства да останат во државата, со квалитетно и бесплатно образование,
високи стипендии, вработувања, солидни плати како и помош од државата за станбено обезбедување,
финансиско стимулирање за секое родено дете и сл.
Само на тој начин, кога младите ќе имаат услови за живот, учење и работа слични како во европските држави,тогаш сигурно нема да заминуваат од држава.
ДЕМОКРАТИ:
Да им помогниме на младите да почнат да гледаат иднина и перспектива во Македонија, а не да заминуваат поради тоа што немаат работа, квалитетно образование, пристоен и достоинствен живот во сопствената држава!


