Според објавените резултати од меѓународното тестирање PISA 2025, учениците од основните училишта во Македонија, во просек освоиле само 378 поени по природни науки, наспроти просекот на ОЕЦД од 482 поени. По математика резултатот е околу 380 поени, додека просекот на ОЕЦД е 463.
Уште позагрижувачки е бројот на ученици кои не го достигнуваат основното ниво на знаење.
Според официјалните податоци на ОЕЦД, 64,3 проценти од учениците во Македонија се под основното ниво по природни науки, додека во просекот на ОЕЦД тој процент е 25,7. Само 0,2 проценти од македонските ученици се меѓу најуспешните, односно достигнуваат највисоко ниво.
Регионалната споредба исто така е неповолна. Македонија има 378 поени по природни науки, 357 по читање и 380 по математика. Дури 55,8 проценти од учениците се под основното ниво истовремено во сите три области.
ДЕМОКРАТИ сметаат дека, ако повеќе од половина од учениците од основните училишта немаат основно ниво на знаење во основните области: читање, природни науки и математика, последиците подоцна се пренесуваат во понатамошните степени на образованието,врз пазарот на трудот и продуктивноста.
Поради тоа што нашиот систем на образование дава вакви ниски резултати и ниско ниво на знаење кај учениците, многу млади кои имаат можност заминуваат на школување во други држави, каде најчесто се вработуваат и не се враќаат во Македонија, а без млади Македонија нема иднина.
ДЕМОКРАТИ секогаш се залагаат за квалитетно образование на младите, како во европските земји и светот, кои имаат врвно образование и ги задржуваат своите млади стручни кадри во своите земји!


