Неодамнешната пресуда во Хаг против поранешниот врв на ОВК утврди кривична одговорност на Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи за воени злосторства.
Овој случај не потсети за настаните во македонското Собрание на 19-јули, 2011 година, кога со Законот за амнестија врз предметите што Хашкиот Трибунал ги имаше вратено на македонското правосудство на одлучување:
(„Водство на ОНА“ „Непроштено“ „Липковска брана“ „Мавровски работници“), нашите правосудни органи наместо да ја докажуваат одговорноста, како што побара Трибуналот, парламентарното мнозинство на ДПМНЕ и ДУИ го стопира нивното натамошно гонење и ги амнестираа воените злосторства врз македонските цивили, припадниците на полицијата и армијата.
Пратениците од ДПМНЕ и ДУИ во Собрание ја презедоа функцијата да “пресудат“ за воени злосторства. Така, Собранието создаде услов судот воопшто да не ја утврдува нивната кривична одговорност и ги амнестираа лицата кои сторија воени злосторства.
ДЕМОКРАТИ прашуваат зошто “патриотите” од ДПМНЕ не ги амнестираат и осудените од “27 Април”, кои не беа осудени за воени злосторства како Хашките случаи, а сеуште гнијат по затвори?
За какви “национални интереси” зборуваат и за какво судство? Судство по мерка на власта и ослободување од обвинение на лица кои сториле злосторства против човештвото или најтешки криминали и истите се на слобода?!!
ДЕМОКРАТИ се борат против политички злосторнички криминални партии, нивните банди, криминалот, корупцијата, криминалното судство и криминалното јавно обвинителство.
ДЕМОКРАТИ СЕ БОРАТ ЗЛОСТОРСТВАТА НИКОГАШ ДА НЕ ЗАСТАРУВААТ!!!
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат за креирање на правна и функционална држава!


