Од јануари следната година се најавува драстичен раст на сите плати и пензии во Црна Гора. И во јавниот и во приватниот сектор, платите ќе се зголемат според новата владина Програма „ЕУРО МОДЕЛ“, најави премиерот Милојко Спајиќ.
Според програмата, минималната нето-плата за вработените на работни места за кои е потребно основно или пониско образование ќе изнесува 1.000 евра. За работните места со средно образование минималната плата ќе биде 1.250 евра, додека за вработените со високо образование ќе изнесува најмалку 1.400 евра.
Програмата ќе опфати повеќе од 250.000 вработени.
ДЕМОКРАТИ го прашуваат премиерот Христијан Мицкоски, зошто не го следи примерот на Владата на Црна Гора? Наместо да се се зголемуваат астрономски платите на функционерите, пумпа јавната администрација со непотребни партиски вработувања, (треб да се намалува), трошат милиони евра за прослави и други неважни работи, можи и кај нас да се покачи мизерната минималната плата од 26.046 денари?!!
ДЕМОКРАТИ подолго време предлагаат минималната плата да биде најмалку 1000 евра, имајќи во предвид дека сме на дното во Европа со најнизок животниот стандард, а со највисоки цени!
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат и предлагаат мерки за подобрување на животниот стандард на граѓаните во Македонија!


