ДИПЛОМАТ КОЈ НЕ КОМУНИЦИРА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ЈА ПРЕСТАВУВА МАКЕДОНИЈА ВО БРИСЕЛ

Арбен Фетаи, специјалниот пратеник на Македонија во Брисел, именуван од премиерот и Владата, кој е претставник на Македонија и користи привелигии на сметка на државата, неговите објави се исклучиво на албански јазик и не знае да зборува, ни да пишува македонски јазик.
ДЕМОКРАТИ се згрозени од одлуката на Премиерот Мицкоски и Владата и прашуваат, како можи да постават човек кој не го знае македонскиот јазик, а да ја претставува Македонија во Брисел.
ДЕМОКРАТИ се свесни дека има договор помеѓу ДПМНЕ и ВЛЕН да си делат одредени функции помеѓу нив, но, не можат да веруваат дека испраќаат човек кој ќе ја претставува Македонија, а воопшто не го разбира и не го знае македонски јазик, а и се прашуваме, која земја ја претставува, Македонија или Албанија?
ДЕМОКРАТИ бараат итно отповикување на Арбен Фетаи од функцијата специјален пратеник на Македонија во Брисел, и да се именува нов квалитетен кандидат за таа функција!

Претходно ОВА НЕ Е ЕПИДЕМИЈА, ОВА Е УБИСТВО НА 9, НЕВИНИ ГРАЃАНИ

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ