Познатиот епидемиолог проф. д-р Драган Даниловски јавно и со силни аргументи се спротивстави на новите најавени реформи за кратење на деновите за боледување.
Тој јасно истакна дека привремената неспособност за работа во никој случај не значи дека болниот човек треба да биде заклучен во својот дом како казнето лице.
ДЕМОКРАТИ потенцираат дека
човек што се лекува има легитимна потреба да излезе до најблиската аптека за лекови, да оди на лекар или едноставно да направи прошетка на чист воздух кога е на боледување, зошто боледувањето не е куќен притвор.
Поради тоа ДЕМОКРАТИ бараат ИТНО да се смени одлуката за кратење денови на боледувањето од страна на Фондот за здравство од 7 на 5 дена и да се престане со контроли на пациенти кои се на боледување.
Исто така намалување на деновите за боледување не е начин да се спречат неоправданите боледувања на пациентите.
Наместо контрола на болните и нивно затворање во “куќен притвор”, ДЕМОКРАТИ предлагаат властите да ги контролираат функционерите – криминалци, кои слободно си заминуваат од државата (ги пуштаат) и оние кои наместо во затвор се во куќен притвор, а всушност тие слободно се шетаат каде што сакаат!
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат за врвно здравство и криминалот и корупцијата во здравството!


