Претседателот и судиите во Уставниот суд од 1 октомври годинава ќе земаат повисоки плати од оние што во моментов за нив ги предвидува Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во државата. Платите на останатите функционери остануваат исти. Тоа се случи откако уставните судии ги укинаа измените на законот кои се однесуваа за нив и му дадоа рок на Собранието да ги изгласа.
Со предлог-одлуката се предлагаат измени во членот 1 од одлуката за определување коефициенти за утврдување плата. Во точка 5: „Претседател на Уставниот суд на Република Македонија“, коефициентот 2,81 се заменува со коефициент 3,08. Во точка 16: „Судија на Уставен суд на Република Македонија“, коефициентот 2,60 се заменува со коефициент 2,85 “– појасни Ѓорѓија Сајковски, претседател на Комисија за избори и именувања.
Во образложението на постапката стои дека Уставниот суд не е дел од организацијата на државната власт во која спаѓа судството, туку е посебен орган којшто ја штити уставноста и законитоста. Според нив, уредувањето на платите на претседателот и судиите на Уставниот суд под ист нормативен режим со другите носители на јавни функции е суштествена повреда на владеењето на правото како темелна вредност.
ДЕМОКРАТИ сметаат дека уставните судиите “заслужено” си ги зголемуваат платите откако одлично одработија за Премиерот Христијан Мицкоски, со одбивањето рамномерно да се финансираат и рекламираат сите партии пред изборите со народни пари.
ДЕМОКРАТИ не веруваат повеќе во Уставниот суд дека е посебен орган којшто ја штити уставноста и законитоста. Уставните судии тоа го докажаа со нивната одлука и понатаму да имаме криминален Изборен законик, нефер и недемократски избори, поточно, дозволија да имаме криминални избори, кои се спроведувани со децении од криминалните владеачки партии, со помош на криминалниот Изборен законик, а со тоа дозволија да се крши Уставот и законите.
ДЕМОКРАТИ се против одлуката да се зголемат платите на уставните судии, кои не ги штитат интересите на граѓаните и државата, туку ги штитат личните интереси и интересите на криминалната власт!
ДЕМОКРАТИ се борат да имаме фер и демократски Изборен законик и избори и минималната плата да биде 60.000 денари, а минималната пензија 30.000 денари, и да не’ се зголемуваат платите на уставните судии!


