Во Собранието се гласаше за минимална плата од 600 евра, на предлог на опозициската СДС. Пратениците на Левица не беа во салата и не дадоа ниту еден глас. Токму на Светскиот ден на пристојна работа.
Заедно со нив, исто така не гласаа ЗА, ниту ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН, а во салата ги немаше ни пратениците на ДУИ.
Пред избори сите ветуваа минимална плата на ниво од две третини од синдикалната потрошувачка кошничка. Исплата од први до седми во месецот, дупла дневница за викенд и празник…
Оправдувања нема. Нека знаат нивните гласачи зошто, на денот на пристојна работа, криминалните партии кои се на власт не само што не гласаа ЗА, туку некои од нив, не беа присутни во салата.
Зарем толку се цени трудот на најсиромашните работници, не само да не гласаш,туку и да не присуствуваш кога е на дневен ред таа болна тема?!
ДЕМОКРАТИ одамна предлагаат минималната плата да биде најмалку 60.000 денари, наместо 24.046 денари.
Исто така Премиерот Мицкоски да престане со лажни ветувања дека просечната плата ќе расти и ќе достигне 60. 000 денари, па и повеќе до крајот на мандатот на ДПМНЕ, до 2028 година, затоа што терминот просечна плата е најголема измама и манипулација со работниците.
ДЕМОКРАТИ ја повикуваат Владата итно да предложи минималната плата да биде 60.000 денари!
НАРОДОТ НЕ ВЕРУВА ПОВЕЌЕ ВО ПРАЗНИТЕ ВЕТУВАЊА НА КРИМИНАЛНИТЕ ПРАТЕНИЦИ, НИТУ ВО ЛАГИТЕ НА ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ!


