УШТЕ ЕДЕН БИСЕР НА ВЕСНА ЈАНЕВСКА: “КАКВО Е ОПШТЕСТВОТО ТАКВО Е И ОБРАЗОВАНИЕТО”, А ДЕМОКРАТИ ВЕЛАТ: КАКВА МИНИСТЕРКА – ТАКВО ОБРАЗОВАНИЕ!

По повод одбележувањето на 5 Октомври – Светскиот ден на просветните работници, министерката Весна Јаневска присуствуваше на доделување на признанието – најдобар просветен работник, за учебната 2025/2026 година.
На новинарско прашање зошто оваа професија веќе не е толку пополарна, односно зошто младите не сакаат да бидат наставници, особено недостасуваат студенти по предметите математика, физика, биологија и хемија, министерката рече:
“Во одредени региони има недостаток на кадар. Една од причините е дека се смета дека тоа се тешки факултети”.
Притоа таа говореше за изгубеното значење и достоинството на професијата наставник и истакна дека: “Успеале да направат се’, младите да го сфатат значењето на наставничката професија”. Но, притоа додаде уште еден од нејзините “бисери и рече: “Какво е општеството такво е и образованието”!
Голем срам е за еден функционер – одговорен за секторот образование да го кажи тоа.Таа самата како министер треба да понесе најголема одговорност, ако е тоа така!
ДЕМОКРАТИ по којзнае кој пат бараат ИТНА оставка на неспособната и неразумна министерка за образование Јаневска, поради тоа што таа навистина незнае што зборува а уште помалку не е свесна и не е разумна што направи за изминатите две години во образовниот сектор.
За какво достоинство и значење на професијата просветен работник зборува таа, кога самата вели дека наставниците имале за 20% повисоки плати,(зарем е тоа некакво достоинство) или пак достоинство е наставниците да се преквалификуваат во образовни асистенти и други професии, поради нејзините крајно неразумни реформи!
ДЕМОКРАТИ се борат за квалитетно образование на младите како во европските земји, а се против реформите на ДПМНЕ и Јаневска, кои за жал го доуништија образованието и секое достоинство на просветните работници кои се со мизерни плати и сами си го плаќаат превозот!

Претходно ПРОСЛЕДЕТЕ ГО КРАТКИОТ ГОВОР НА ЗОРАН ПЕТКОВСКИ НА 3 КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТИ!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ