Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека најновите податоци на Евростат потврдуваат дека Македонија има убедливо најниски цени на храната и пијалаците во регионот.
Според неговите изјави цените на храната и безалкохолните пијалаци во Македонија се за 25 % пониски во споредба со просекот во 36 европски држави. Најголема разлика има кај овошјето и јаткастите плодови, кои се поевтини за 47,6 %.
Премиерот потенцираше дека македонската инфлација е под европскиот просек (кој според Евростат изнесува 3,8%), оценувајќи дека преземените владини мерки успешно го стабилизираат пазарот. Тој најави и дополнителни чекори за намалување на цените на енергенсите.
Во однос на куповната моќ и плати, минималната бруто-плата според него, бележи раст во изминатите години, со што земјата според одредени параметри на куповна моќ се позиционира подобро од неколку држави во регионот и тврди дека инфлацијата кај нас е пониска од европската.
ДЕМОКРАТИ го прашуваат Мицкоски кого уште го лажи, дали народот или самиот себе?! Тој лажи и самиот си верува во неговите лаги! Во спротивно тој не можи да опстои и функционира!
Ова е невиден срам за еден премиер да лажи во толкава мера, за нешто што е видливо дека е спротивно и да го убедува народот колку сме успешни и ,,добро живееме”!
За жал, Македонија тоне, цените енормно растат секојдневно, храна, услуги, станови и куповната моќ на граѓаните драстично опаѓа, платите и пензиите се мизерни и граѓаните се на дното, едвај преживувајќи од ден за ден.
Тоа е реалноста и вистината, а се друго се лаги и невистини!
Поради тоа ДЕМОКРАТИ му порачуваат на Мицкоски да направи споредба на европските плати со минималната плата во Македонија, која изнесува 26.046 денари и истата ИТНО да ја зголеми на најмалку 60.000, а потоа да споредува цени, куповна моќ и стандард на граѓаните во Македонија со европските земји!


