ДЕМОКРАТИ ПРЕДЛАГААТ ДА СЕ УКИНИ МИЗЕРНАТА ПОМОШ – СУБВЕНЦИОНИРАНИОТ ОБРОК И ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ, ВЛАДАТА И МИНИСТЕРКАТА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ЈАНЕВСКА ДА ПРЕСТАНАТ НЕМИЛОСРДНО ДА ГИ МАНИПУЛИРААТ СТУДЕНТИТЕ СО СУБВЕНЦИОНИРАН ОБРОК
На средбата помеѓу Премиерот Мицкоски и министерката за образование Весна Јаневска, со студентите, тие добија понуда за ваучери што ќе можат да се користат за купување храна во одредени продавници, ресторани и бифеа.
На средбата, на студентите им беше понуден ваучерски систем сличен на оној во Словенија, да можат да го користат ваучерот за храна во сендвичарници, пекарници, ресторани и да ги користат средствата како субвенција за храна, потенцира Јаневска.
Во врска со тврдењата на студентите дека сегашниот износ на паричниот надоместок од 140 денари, три години не е усогласен со стапката на инфлација, Јаневска го негираше тоа.
“Согласно со законските измени од 2023 година, субвенционираниот студентски оброк беше зголемен од 120 на 140 денари. Покачувањето од 20 денари ја покрива 2025 година, односно и дел од 2026 година”, рече министерката Јаневска.
Ова е крајно нелогично и нехумано да го кажи еден министер за образование, кој наместо да направи се’, да го подигни студенскиот стандард, вели дека е доволно покачување од 20 денари.
Поради тоа, ДЕМОКРАТИ одамна бараат ИТНА оставка на неспособната министерка Јаневска!
ДЕМОКРАТИ предлагаат да се укини мизерната помош – субвенциониран оброк и МОН и Владата да прекинат да ги залажуваат студентите, со мизерен оброк од 140 денари, и ИТНО да донесат сет од мерки за вистинско подобрување на студенскиот стандард!
ДЕМОКРАТИ предлагаат неколку мерки за подобрување на студентскиот стандард:
1. Бесплатно школување
(бесплатни учебници, ослободување од партиципација на сите државни универзитети) за студентите од семејства со ниски приходи, како и за талентирани студенти со висок просек и студенти со ретки болести и сл.
2. Бесплатно сместување и храна во студентските домови за студентите со ниски приходи, за талентирани студенти со висок просек и студенти со ретки болести.
3. Бесплатен градски и меѓуградски превоз за истите категории на студенти.
4. Најмалку двојно повисоки стипендии за сите студенти.
5. Подобрување на условите за сместување и исхрана во студенските домови.
Само со вакви мерки и вистинско подигнување на студенскиот стандард ќе ги задржиме младите студенти во државата. Во спротивно, тие ќе продолжат уште помасовно да заминуваат во други држави, каде имаат високи стипендии и подобри услови за школување и работа.
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат за повисок животен стандард на студентите, како во европските земји и светот!


