Владините мерки се обид за спас на владата, а не да ви помогнат Вам почитувани граѓани!

Се разбира, вака на прва, убаво е чувството некој да ви подари нешто, но кога ќе се види моментот кога се прави тоа не може никој да не разубеди дека мерките тешки 662 милиони евра не се за предизборно умилкување кај граѓаните од страна на партиите во власта. Намерно се темпира периодот 5-6 месеци пред избори иако првично мерките требаше да се донесат кон крајот на летото. Опфатот е широк па она што се добива се трошки кои никако не ги решаваат проблемите и социјалните потреби на категориите граѓани за кои се носат.
Што велиме, со овие мерки власта гаси пожарчиња за да не дојде до избувнување на стихија од социјално незадоволство од поголеми размери, сега пред избори па да и отидат во неповрат амбициите за ново освојување на власта. Нашиот народ е сиромав за многу не за малку, а она што треба да се апострофира е што овие пари се дел од годинешниот и од буџетот за наредната година кој тежи 5,5 милијарди евра, таман како за изборна година, и поради тоа, тоа се пари од сите нас од граѓаните.
Тоа не се пари кои се резултат од некоја капитална инвестиција туку од буџетот, а во неговото полнење учествуваме сите. Оттаму ова што сега го претставуваат како милостиња впрочем граѓаните го натплатиле и ќе го натплатат повеќекратно, со скапите и несразмерни давачки за голо преживување. Овие пари на сите нас ќе ни се удрат од глава. Кога нема како што нема од каде да зафаќа, како што нема, зашто нема квалитетни инвестиции кои произведуваат профит, власта пак зафаќа од народот. И тоа е тој маѓепсан круг, ,,купи ден помини”.
Неодамна напишавме дека власта и со високиот буџет и со дополнителни задолжувања од над 700 милиони евра до крајот на годинава, од кои за 90 милиони нема спецификација на намената, тргнува во лов на гласачи.
Но она што треба да не загрижува сите нас е фактот што сиромаштијата не се лекува со еднократни помоши туку со системски мерки и решенија кои нема да продуцираат социјални случаи туку ќе има за сите да живеат подостоинствен живот. А такви мерки не гледаме и не само од овие партии на власт туку и од ДПНЕ претходно.
А, зошто не гледаме? Затоа што крадат и лажат на големо. Затоа што ги интересираат тендери и процентите што ќе ги земат. Патот чини милион евра, го наплаќаат десетици милиони. И тоа се нашите пари за кои ние осиромашуваме овие 32 години, и навистина не треба да не штитат и да ни даваат милостина, туку да не крадат, да не делат тендерски профити и тогаш ќе има доволно пари за сите.
Но, ние ДЕМОКРАТИ како партија која го бара местото на политичката сцена и поддршката од вас почитуван народе и од сите граѓани, ви укажуваме дека сите заедно треба да се избориме за здрав систем без криминал и корупција, а не да се радуваме на перфидната манипулација со државна помош, откако првенствено не испокрадиле до гола кожа, па ќе ни фрлат по некоја трошка.
ДЕМОКРАТИ веруваат во мудроста на нашиот човек кој и тоа како знае да ги процени овие ментални популистички гимнастики што се обидува да ги ,,продаде” власта кои не ни помагаат, а се со цел да не подмитат.
Достоинството на човекот не се купува со 2-3 илјади денари помош туку со чесно и домаќинско работење кое досега не сме го виделе од ниту една власт изминатите 32 години, ниту еднаш од СДС, ДУИ и ДПНЕ. И нема да го видиме доколку повторно го дадете гласот за овие партии. Сега имате избор. ДЕМОКРАТИ ви нуди простор надвор од црната кутија што ја сплетиле овие криминализирани партии околу вас.
Придружете ни се, во ,,Фронт за спас на Македонија” предводен од ДЕМОКРАТИ!
ПС..Не не разбирајте погрешно дека сме против да му се даде на секој еден човек, но реагираме за да им стане јасно на криминалците во власта дека македонскиот граѓанин не се купува со предизборна милостиња! Помина тоа време! Не го потценувајте!
Претходно ДЕМОКРАТИ Ве покануваат на Трибина за формирање на ,,ФРОНТ ЗА СПАС НА МАКЕДОНИЈА” која ќе се одржи сабота, 02-12 во Гостивар!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ