ДЕМОКРАТИ изразуваат згрозеност од мотивите и за начинот на кој била извршена егзекуцијата на нашите сограѓани Панче и Вања. Згаснувањето на двата живота треба да не опомени уште еднаш, пред се како хумани битија, а потоа и како институции дека насилството, заканите, вербалните деликти, конструктите од разни видови за да се постигне краткотрајна слава и внимание, треба под итно да се напуштат и за тоа треба да придонесеме сите.
Со овие монструозни убиства и мотивите што стоеле зад нив, се плашиме дека се израз на нивото на колективниот ментален стадиум во кој се наоѓа нашето општество кое неминовно ќе треба да направи комплетен ресет.
ДЕМОКРАТИ изразуваат сочувство до семејствата а Вања и Панче да почиваат во мир!


