Евроамбасадорот Гир вели дека борбата против корупцијата и владеењето на правото е сржта на напрадувањето на Македонија кон ЕУ. Тоа значи дека сржта на напредувањето на Македонија кон ЕУ е – промена на криминалниот Изборен законик и воведувањето на Отворени изборни листи !
Ние од ДЕМОКРАТИ знаеме, Ваша Екселенцијо, дека нема борба против корупцијата – со коруптивен и криминален изборен закон со затворени листи, со кој на изборните листи се поставуваат само корумпирани и криминализирани луѓе – горди послушници на лидерите на партиите, кои потоа во собрание гласаат само корумпирани и криминализирани функционери – лидерски послушници!
Зарем Ве чуди нивото на корупцијата во Македонија со вакви корумпирани пратеници, тоа што законите не се спроведуваат, и зарем со вакви пратеници и функционери очекувате борба против корупцијата и напредок на Македонија кон ЕУ?
Како ДЕМОКРАТИ Ве молиме да не поддржите во нашата борба за промена на криминалниот Изборен законик и воведување на Една изборна единица со Отворени листи во Македонија, каков што го имате Вие во ЕУ, зошто само со отворените изборни листи можеме да ги сузбиеме корупцијата, криминалот и партизацијата во Македонија.
Единствено ДЕМОКРАТИ вистински и најсериозно се залагаат за итна промена на криминалниот Изборен законик со Една изборна единица и воведување на Отворените листи кои ќе бидат една од главните цели на предизборната програма на ,,Фронтот за спас на Македонија” за следните избори.
Тоа значи дека ДЕМОКРАТИ и ,,Фронтот за спас на Македонија” се единствената политичка сила во Македонија која вистински се бори против корупцијата и криминалот, а со тоа и за итно завршување на преговорите и експресен влез на Македонија во ЕУ!


