ДРЖАВНИ ДУШМАНИ

Малку им беше на ДПНЕ, СДС и ДУИ што ни ја преполнија државната администрација со партиски војници, чија главна работна обврска им е одработување и лажирање избори, па сега уште одлучија и да го отстранат министарството за финансии како пречка за партиските вработувања во администрацијата!
Малку им беше што ни ја задушија и парализираа државата, па сега сакаат и да ни ја дозадушат, да и ја земат душата – и да ни ја уништат! Главно ним да им е добро, па колку трае – толку!
Што ни значат на нас граѓаните нивните меѓусебни обвинувања како било во претходната власт, и кој повеќе партиски војници вработил? Нам ни е се потешко под притисокот на даноците, давачките и цените да го полниме буџетот, а тие безмилосно не товараат уште повеќе, давајќи ни прекрасни ветувања за изборната кампања и за по изборите. Дали има уште некој нормален кој им верува, и кој ќе гласа за нив?
Ние ДЕМОКРАТИ не ги лажеме граѓаните, нашата изборна програма е реална и остварлива, и меѓу другото подразбира намалување на бројот на државната администрација и олеснување на даночните и буџетски оптоварувања на граѓаните.
Главна реформа која ние ДЕМОКРАТИ ја нудиме е – промена на криминалниот Изборен законик и воведување на отворените изборни листи, кои се главен предуслов за сузбивање на криминалот и корупцијата, за ние граѓаните да ги преземеме дизгините за управување со нашата држава во наши раце – и да си ја раководиме според наш граѓански, а не според партиски или лидерски интерес!
Затоа, почитувани сограѓани, партии и здруженија, ние ДЕМОКРАТИ Ве каниме да ни се придружите во Фронтот за спас на Македонија, за на следните избори да се избориме Фронтот за спас да влезе што побројно во парламентот, и со него да си ја спасиме државата од оваа тројна чума која ни ја зафати државата, и сака безмилосно да ни ја уништи!
Претходно СТОП за изградба на каменоломот!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ