Нека топлината и радоста на празникот со љубов ја обвие целата земјина топка. Да нема војни, гладни, раселени, сиромашни, солзи, тага..а да завладее мир, љубов, спокој, човекољубие, разбирање, толеранција, алтруизам.. Нека Бог всади во сите нас желба и порив да сме подобри луѓе, да си ја сакаме државата, да работиме за нејзин напредок на сите полиња, но и да се охрабриме со силата и вољата да ги санкционираме сите оние кои крадат и ретроградно се однесуваат кон секоја прогресивна идеја.
Воедно го честитаме Божиќ на Бискупот на Католичката заедница и црква во Македонија, монсињор Киро Стојанов.
На земјата мир, а на луѓето со добра воља, здравје, љубов и слога им посакуваме во домот и семејството!
Среќен Божиќ!
Merry Christmas!


