За што ќе бидат наменети новите 189 милиони евра со кои власта се задолжи кај домашните банки?
Двете државни обврзници едната од 71, а другата од 118 милиони евра треба да се вратат за две односно три години. Економските архивари кои го следат процесот на задолжувањето односно на враќањето на долгот, утврдиле дека во блиска иднина, имало за враќање 40 милиони евра..но за што ќе се трошат 149 -те, засега нема прецизна проекција.
Ниту економските показатели и инфлациските движења, не ветуваат подобра 2024 година. Иако инфлацијата стагнира, сепак споредбено периодот до декември 2023 од декември 2022, при инфлација од 3,6%, цените на мало се зголемиле за 7 отсто.
Државниот Завод за статистика деновиве излезе со извештај дека најголем раст на трошоците граѓаните имаат за набавка на мебел и покуќнина и тој раст изнесува 13,6 отсто. За образование растот на трошоците се зголемени за 2,9 отсто. И во овој распон на висината на растот на трошоците на живот се наоѓаат ресторанските и хотелските услуги, храната и безалкохолните пијалоци каде растот на трошоците е над 11%, по нив следува растот на трошоците на живот за тутун и алкохолни пијалоци но и културата, рекреацијата, здравствените услуги..
Ова директно имплицира дека куповната моќ на населението се намалила, ослабнала. А, скапотијата и дополнително го троши расположението кај граѓаните дека нешто подобра на економски план би била оваа година и би пораснал животниот стандард.
Но, овие стеги што ги чувствуваат граѓаните се присутни и во стопанството. Од Сојузот на стопански комори сметаат дека компаниите се во незавидна ситуација со зголемена доза на песимизам дека работите би тргнале на подобро, дотолку повеќе што годинава е изборна и партиите нема да штедат на партиски вработувања и на купувања глас повеќе..
Тргнувајќи од насловот на овој текст, како ни заврши така и ни почна Новата година, буквално таа е иста и од аспект на дипломатските пораки кои ни се упатуваат и ги слушаме. Сега е само конкретизирано дополнително што странските дипломати конкретно холандскиот Дирк Јан Коп, го посочи Ахмети, лидерот на криминалната ДУИ дека е директен виновник за таквите состојби како во М/НАВ така и поврзано со притисоци врз судии и врз претседателката на Врховниот суд Беса Адеми..
Читаме дека американските црни листи ќе станат дел односно по нив ќе може да се постапува и во македонскиот правен систем. Но, ние од ДЕМОКРАТИ не очекуваме дека тоа ќе има епилог па ликовите од таа листа како Анѓушев, Мерко, Камчев Орце како и мајкаму, натаму Георгиевски, Мијалков, Груевски , Тачи…дека ќе одговараат пред институциите на системот. Тие се производ на тој систем и затоа тешко дека системот ќе ги санкционира.
Што и да напишеме и да кажеме на крајот се се сведува на тоа дека граѓаните на овие избори треба еднаш засекогаш да им кажат збогум на криминалците во политиката од СДС, ДУИ и на оние во опозициската ДПНЕ. Само испраќање во историјата на овие криминални злосторнички банди може да придонесе за нов ветер и кислород во државата за заживување на многу процеси кои сега се под лупата на криминалот и корупцијата.
Затоа повелете во ,,Фронтот за спас на Македонија ” заеднички да им се спротивставиме. Никој сам не е посилен од сите заедно!


