На своето гостување на ТВ 24 во емисијата „Аргумент +“ претседателот Јорго Огненовски зборуваше за состојбите во нашата држава, и при тоа не штедеше зборови за луѓето од СДС, ДПНЕ и ДУИ кои 32 години ни ја водат државата. Јорго кажа дека државата ни е окупирана, и дека прерасна во криминална мафијашка држава.
Криминалниот изборен закон со затворени листи приозведе криминален систем во Македонија, а партиите кои го донесоа овој криминален изборен закон се криминални структури, кои 32 години спроведуваат криминални избори. Овие три партии се тешко криминализирани и инфицирани, сакаат да живеат само свој раскошен и расипнички живот, и за народот не ги интересира. Државните сектори си ги делат како мафијаши, тие и се мафијаши, политичката мафија ни ја окупира државата. Се додека овие багабонти се на власт нема да имаме ни држава ни судство.
Новинарката Мирјана Трпчевска го опомена Огненовски да внимава на речникот, но Огненовски и одговори – дека тоа е вистината! Народот нема леб да јаде, страда и паѓа во тешка депресија, ни ги уништија фамилиите, ни ги избркаа децата, ни ги уништија економијата и здравството, болниците ни ги претворија во мртовечници, и како да ги нарече, господа?
И токму така е, како да се наречат овие луѓе за делата кои што во овие 32 години им ги сторија на граѓаните и државата – политичари, интелектуалци, господа?
Зарем ова им го прават на својата држава и граѓани одговорни луѓе, домаќини и патриоти, заради кои државата ни тоне во политички криминал и заради кои мафијата ни ја контролира државата?
Зарем заслужуваат подобро да се наречат луѓе кои себе си ги зголемуваат енормно платите, опљачкааа милијарди евра и се прогласуваат неказниви – додека народот умира за леб и се сели од државата? Епа какви што им се делата – такви зборови и заслужуваат!
Ние ДЕМОКРАТИ сметаме дека Јорго дури беше и културен, зошто според делата кои што ни ги прават овие „луѓе“ – слободно можема да ги наречеме и бездушни ѕверови и предавници на народот и на државата, кои што не предадоа и продадоа – за грст пари!
Затоа на следните избори доаѓаме ние ДЕМОКРАТИ, со Фронтот за спас на Македонија, да му ставиме крај на ова лудило кое што ни се случува, да си ја средиме државата со помош на фер и демократски Изборен законок и Отворените изборни листи, и да појдеме по патот на вистинската демократија, на развојот и просперитетот!
И затоа ја бараме Вашата поддршка почитувани граѓани, сите заедно да се избориме за подобра иднина за нас, нашите деца, внуци, сограѓани и да си ја спасиме Македонија!


