Недостатокот на координација на опозицијата носи разединување и цепкање на гласачкото тело. Македонија како никогаш досега има потреба од моќно обединување на сите политички субјекти. Доколку нема обединување, ќе им дадеме шанса да продолжат да владеат злосторничките здруженија на СДС-ДПНЕ-ДУИ кои 32 години се постојано на политичката сцена во Македонија.
Бидејќи тие се веќе прочитана книга, на политичката сцена и требаат нови лидери полни елан и знаење за да се справат со опустошената, испокрадена и уништена македонска држава.
Последна шанса за Македонија да заживее е ново раководство, кое чесно и поштено ќе раководи со државниот буџет. Домаќински и економски да се издигнеме од пепелта и да бидеме граѓани на Македонија со сите бенефиции на Конвенцијата за човекови права и слободи.
Во Македонија да дадеме простор на демократијата , интегритетот и просперитетот на државата.
ДЕМОКРАТИ се против секакаков вид криминал и корупција.
ДЕМОКРАТИ се партија во прогрес.
ДЕМОКРАТИ се новиот револуционерен залет со оптимистичка мисла, за спас на Македонија.
ДЕМОКРАТИ се чесни и поштени борци кои го сакаат најдоброто на мајката Македонија
Придружите ни се во ФРОНТОТ ЗА СПАС НА МАКЕДОНИЈА!


