ВИСТИНСКА ВИСТИНА!

Ги следиме дебатите на партиските измеќари на медиумите и во парламентот, и веќе ни е одвратно да ги слушаме како сите користат една научна психолошка и емотивна манипулација за сочувство и емотивно поврзување на луѓето со оние кои што ја зборуваат вистината. По онаа старата: крадецот најдобро го чувствува крадецот, сите овие до гуша извалкани политички измеќари најдобро ги гледаат и чувствуваат валканиците и криминалите на другиот, па се надеваат дека ако јавно зборуваат за валканиците на другиот – ќе ги скријат своите валканици, и ќе ги придобијат емоциите и сочувството на граѓаните за себе.
Приметувате како во дебатите сите овие обучени и зомбирани измеќари само меѓусебно се напаѓаат и зборуваат за маните и грешките на другиот, а за своите – нема ниту збор! И двете страни ја зборуваат вистината, што е најжално, но секој ја кажува вистината за другиот, обидувајќи се да ги освои наклоноста и гласовите на граѓаните. Не е борбата кој е поквалитетен и почесен – туку кој е помалку лош, односно: „Најде кој да критикува, види се себеси!“
Сето тоа доведува до апатија кај граѓаните и до ставот – „не ме интересира политика, сите се исти“, што најмногу им одговара на злосторничките здруженија затоа што неопределените ќе се разочараат и нема да гласаат – па тие ќе си ја поделат сами власта помеѓу себе, како – така!
Но ни на СДС, ни на ДРПНЕ ни на ДУИ не им одговара да се појави политичка сила која ќе ја зборува вистината за сите – но да нема црни петна и валкан веш зад себе, како што се ДЕМОКРАТИ, и уште помалку – ако таа сила има и извонредна политичка понуда, како што е ИТНО промена на криминалниот Изборен законик и воведување на отворените изборни листи во Македонија!
Затоа, ако веќе нема зла вистина за која може да зборуваат против ДЕМОКРАТИ – тогаш сакаат барем да не изолираат од контролираните мас-медиуми за да не можеме да ја пласираме вистинската вистина до граѓаните, и така да го искористиме овој злоупотребуван психолошки ефект – и да ги освоиме симпатиите и гласовите на граѓаните!
Но вистинската вистина е безмилосна, и таа секогаш е на страната на граѓаните и излегува на виделина, без оглед колку некој сака да ја прикрие или манипулира. А таа е дека ДЕМОКРАТИ се единствената политичка сила во Македонија која навистина се бори за граѓанските и државните, а не за своите лични и партиски интереси, и која на следните избори ќе го понуди најсветскиот проект и највисокиот државен приоритет – ИТНА промена на криминалниот Изборен законик и воведување на отворените листи во Македонија!
Ако не сте манипулативно или клиентелистички поврзани со некое од наведените злосторнички здруженија, повелете придружете ни се во ДЕМОКРАТИ и во нашата коалиција со граѓаните – Фронтот за спас на Македонија!
Претходно Мораме и можеме да го промениме криминалниот Изборен законик!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ