Кој циркус го приредуваат СДС и ДПНЕ со собирањето потписи!

Двете најголеми криминални партии и со најдолг стаж во владеењето и политичкото дејствување од уста не го вадат изразот Демократија но сликата од неделата како го натерале партиското членство да излезе и да се потпишува за предложените кандидати за претседатели, богами наликува на антидемократија. Само партиска наредба и ,,камшик” можат да мобилизираат толку граѓани.
И зошто се прави сето ова? Пошто и ако Силјановска Давкова собрала 29.000 гласови, а не само потребните 10.000 иако и овие не беа потребни бидејќи неа ја делегира партија со над 30 пратеници , и иако и Пендаровски во еден ден собра над 10.000 потписи, а и за него не мораше да се собираат потписи, се наметнува прашањето што всушност сакаат да демонстрираат овие две криминални партии?
Чуму овој натпревар уште пред официјалниот натпревар?! Дали ова ќе им донесе повеќе гласови или симпатии? Не! Пред кого и зошто се покажуваат мускули кога и вас како партии и вашите експоненти како претседателски кандидати јавноста многу добро ве знае.
Но, единствено што е позитивно во целава работа е што ако ништо друго се запознавме со вордингот кој навестува на каде ќе се турка кампањата и кои компоненти ќе ги содржи.
И очекувано, речник уличарски и навредливи и понижувачки квалификации за противникот..Не слушнавме визија за иднината, додуша ние ДЕМОКРАТИ од вакви и овие партии не ни ја очекуваме. И тоа е така со години. Во отсуство на визија за иднината, партиите се закопуваат во својата примитивност и површност и кампањата ја сведуваат на рекла кажала чаршиски муабет и кој кому бил измеќар/ка.
Сето ова не навестува фер плеј однос во кампањата. Пизмата пак дополнително ја зоврива реториката …и се додека ова не се прелее на подолните слоеви после кое можат единствено да се пресметаат на физички начин со тепачка…
ДЕМОКРАТИ се партија со вистинска демократија во себе, затоа што ние сме ДЕМОКРАТИ! Застанете во редот зад нас! Дајте го гласот за ДЕМОКРАТИ зашто само тој глас е единствено квалитетен !
Претходно Владее тотален хаос во здравството во Македонија!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ