ДЕМОКРАТИ се партија која не произлегува и нема ништо заедничко со СДС, ДУИ и ДПНЕ- злосторнички здруженија кои гледаме до каде ја доведоа државата и сите нас заедно. До дното!
ДЕМОКРАТИ се против и први организираа протести против 78% покачување на функционерските плати и ги поддржаа пензионерите за линеарно покачување на пензиите и да нема пензија под износот на минималната плата!
ДЕМОКРАТИ ги поддржуваат студентите во нивните барања за подобар студентски стандард. Навремена исплата на стипендиите, средствата за оброк, условите за домување да се врвни, пријатни, топли со интернет и се што им треба за одржување на хигиената. Образованието да е бесплатно и да има задолжителна пракса, на дипломираните да им се нуди работа веднаш! И да се нуди преквалификација и доквалификација со цел поголема конкурентност на пазарот на труд.
ДЕМОКРАТИ протестираа рамо до рамо со болните кои немаа лекови, против состојбите на Онкологија и против трговците со човековото здравје, против нехуманиот третман на лицата со дијабет и пациентите со ретки болести..
ДЕМОКРАТИ се залагаат за зголемување на социјалните трансфери за лицата со попреченост и за оние во ризик од сиромаштија. Но се и за ревизија на списоците на примателите на социјална помош на кои треба да им се понудат и да се стават во програми за вработување..
ДЕМОКРАТИ се за развој на земјоделието и производство прво на сите земјоделски култури на македонската почва па потоа да се увезува од надвор..
ДЕМОКРАТИ бара да се збогати позитивната листа на лекови, срамота и грев е граѓаните да се лекуваат со застарени генерации на лекови брз малку 15 години. Се залагаат за државна фармацевтска компанија и клинички центри во повеќе градови од државата, не мегаломански туку адекватни на потребите на бројот на население..
ДЕМОКРАТИ се за ЕУ и НАТО и за развој на односите со САД и со останатиот напреден свет. Како мала држава без сопствени ресурсни богатства, треба да одржуваме добри односи со сите на подеднаква дистанца..
ДЕМОКРАТИ се залагаат односите со Бугарија да се засноваат врз база на взаемен респект и реципроцитет.
ДЕМОКРАТИ се залагаат за владеење на правото. Да не застаруваат кривичните дела направени од високопрофилирани функционери. Веднаш да се испита имотот на обвинители и судии и да се конфискува се што не е заработено на легален начин. Лице со кривична да не може да се бави со политика..
ДЕМОКРАТИ се Новото лице и опција на политичката сцена.
На парламентарните избори ќе оди сама, откако на повеќемесечниот повик за организирање Фронт за спас на Македонија, (Фронт кој ќе се бори против злосторничкото здружение на СДС-ДПНЕ-ДУИ) не се пријави ниту една од македонските ,,патриотски” партии Левица, Знам, Интегра, Глас за Македонија, Македонски концепт..очигледно не мислат дека состојбите се дојдени до таму дека треба државата буквално да ја спасиме од ненародната власт и од криминализираните злосторнички здруженија СДС, ДУИ и ДПНЕ.
Затоа ДЕМОКРАТИ се во коалиција со народот и Фронтот за спас на Македонија, кој Фронт има моќ да ја спаси Македонија од злосторничките криминални здруженија и нивните злосторнички банди!
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ЗА СПАС НА МАКЕДОНИЈА!
Македонија вечна и вековита!


