ДЕМОКРАТИ: КАКО?

Криминалните банди СДС, ДПНЕ и ДУИ и натаму бесрамно лажат, и не знаат уште што да ни ветат – само да не изманипулираат и да ни ги измамат гласовите на избори. Иако не смеат да ги објават изборните програми, во нивните презентации ветуваат се што токму тие го упропастија во државата: економски раст, повисок стандард, подобро здравство, враќање на иселените, намалување на криминалот и корупцијата, и т.н.
Вниманието ни го дефокусираат кон имињата на носителите на листите и нивните титули, кон составот и рангирањето на изборните листи, оцрнувањето и дискредитирањето на противниците, и во „гарантирањето“ кој колку пратеници ќе „освои“, кој ќе прави влада и ќе владее, и не одговараат на главните и основни прашања, за кои дебело ни ги должат одговорите:
– Зошто досега не ги остварија истите овие ветувања, кои веќе многу пати ни ги даваа на претходните избори?
– КАКО мислат да ги остварат сегашните „небесни“ ветувања со истиот криминален и коруптивен изборен систем со затворени листи, со корумпираните и заробени пратеници и функционери, и со истата нивна нефункционална, партизирана и заробена државна администрација?
– И која е гаранцијата дека ќе го остварат ветеното? Што ако не го остварат, кои ќе бидат последиците по нив?
Ние ДЕМОКРАТИ бараме тие да одговорат на овие прашања, зошто без тоа е јасно дека не лажат и манипулираат нас граѓаните, кои што сме сопствениците на државата. А знаеме дека нема да одговорат – бидејќи и овие изборни програми им се само шарени лаги, и тие добро го знаат тоа.
Ние ДЕМОКРАТИ знаеме што и КАКО, и затоа веќе почнавме со презентација на делови од нашата изборна програма. Предуслов за исполнувањето на сите овие изборни решенија е – промена на криминалниот Изборен законик и воведување на Отворените изборни листи! Без нивна промена, се ќе биде само полошо, и никој, ниту ние граѓаните ниту судството – нема да им можеме ништо на криминалните политички банди! Со гласање за нив на изборите ние само би си ја запечатиле црната судбина.
Ние ДЕМОКРАТИ уште нудиме и механизам за барање одговорност од пратениците и функционерите ако не го остварат ветеното, и ако не работат добро и во интерес на граѓаните – промена на законот за пратеници и воведување на можноста за нивно отповикување од страна на нас граѓаните, сопствениците на државата! Тој механизам функционира во земјите со Отворени листи! Да видиме потоа дали пратениците нема да работат добро, дали ќе ги исполнуваат ветувањата, и дали ќе им служат на лидерите – или на нас граѓаните!
Сето ова станува реалност со гласање уште на следните избори – за ДЕМОКРАТИ и за Фронтот за спас на Македонија! Бојкотот на изборите е директен глас за политичкиве криминалци, и давање можност за крадење на Вашиот глас. Затоа на избори сега – сите масовно гласаме за нас, за граѓаните на власт, за ДЕМОКРАТИ и за Фронтот за спас!
Претходно Продолжува грабежот на сиромашните граѓани од страна на криминалната држава!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ