Нема подобро искуство од непосреден контакт со гласачите ! Флаерот го сфатив како пружена рака за малку внимание, а не како пропаганден материјал. Тој е пропаганден материјал, без дискусија, но скоро (ептен) секогаш завршува во отпадоци како и секоја пропаганда. Што годе, не ми е муабетот за моќта на флаерите.
Минува човек покрај мене и јас го замолувам да обрне внимание и му го подавам флаерот со моја слика на него (голема работа дими, моја слика на флаерот).
– Кој е па сега овој (напрасито) ?
– Јас сум (бритко, спремен да ме “заплука”).
Збунет, го гледа флаерот, ме гледа мене, та се протруќа од незгодно и:
– Ама ..
– Нека господине, и лош збор да кажете нема замерка…
Ме погледна збунето и занемено, сакајќи да ми ја објасни неговата махинална реакција, јас се насмевнам и му реков:
– Господине, вие мене не ме познавате и секоја ваша реакција не ја сфаќам лично. Вашата реакција е рефлекс на политичкита состојба…
Човекот ми пружи рака, се разбира срдечно возвратив и така двајцата сфативме (галиба) која е поентата на флаерот.
Не на флаерот, не мојата слика на флаерот, туку поентата на демократијата (многу злоупотребуван збор, ама друг и не знам). Филтер кој треба да го прочистува патот за луѓе кои треба да работат за доброто на сите – тоа е демократија !!!
Како се гледа тој филтер, од многу ѓубрештија, годиниве наназад е многу запушен. Треба од време на време некој да го протресе, да го зачисти, запере…
Затоа ни требаат луѓе како Демократи!
Пишува Димитар Спасов од ДЕМОКРАТИ, носител на ИЕ2!


