Сеуште трае радоста и лажниот занес од „големата победа“ на ДПНЕ на изборите, вербата во нивните лажни ветувања дека сега никој не може да ги уценува, дека ќе го променат договорот со Бугарија и ќе направат подобар договор, ќе им се спротистават на албанските политичари, а прават Влада со албанските политички иредентисти. Сега сите функции, институции и најважното – буџетот се нивни и затоа лажниот занес е голем. Но, вистината полека почнува да ги удира по носот, државата им се распаѓа пред очи и веќе почнуваат да голтаат горчливи пилули, една по една.
Прво целата меѓународна заедница им залепи жежок шамар по неизговарањето на уставното име од Силјановска, па сега имаме ретерирање дека тоа сепак ќе мора да се кажува во официјални прилики, ја нема Македонија на венецот на Силјановска во Ватикан и т.н.
Многу граѓани не ни веруваа на нас ДЕМОКРАТИ кога велевме дека ДПНЕ се обична лажлива и криминална банда, им ги дадоа гласовите – и сега веќе се кајат, им се отвораат очите пред болната вистина.
Сега Мицко, уште пред да ја формира владата, ветува милијарда евра поволен кредит, без контрола како ќе биде трошен и без грижа што ни ги задолжува праправнуците, а ги одбива европските 2 милијарди евра помош и уште многу големи пари од европските пристапни фондови – за да не влезат бугарите во устав и да не ги почнеме поглавјата од преговорите. Ама и за тоа лаже, албанските партнери отворено кажуваат дека и тоа е завршена работа. Се поголемо и се погорко е чувството на граѓаните дека ДПНЕ пак ги измами и прелажа и дека пак ќе треба брзо да ги казнуваат, веројатно уште на локалните избори.
Се повеќе луѓе велат дека ние ДЕМОКРАТИ бевме за се во право што кажувавме за СДС, ДПНЕ и ДУИ, дека бевме во право дека единствен спас за Македонија е итната промена на криминалниот Изборен закон и воведување на една изборна единица со отворени листи и уште сега ни даваат се поголема поддршка и доверба. А тоа е тоа што нам, на борците за Македонија ни треба – почит и доверба од граѓаните. Тие тешко и болно се стекнуваат – ама траат долго. Затоа ние ДЕМОКРАТИ ја продолжуваме нашата борба за доброто на граѓаните и Македонија и ќе се бориме се посилно во наредниот период – заедно со Вас граѓаните!


