РЕАЛНОСТ!

Замислете партиите во Македонија да се мултиетнички, да не е важно кој што е – туку каков човек е и колку знае и вреди, а партиите да се разликуваат помеѓу себе само по идеологијата и по главните цели. Тогаш нема да има ни балансер, ни етнички клуч за вработување, сите граѓани во Македонија ќе сме рамноправни.
Замислете на избори да гласаме за најквалитетните кандидати, за личности и проекти, а тие кандидати со најмногу гласови од граѓаните да станат пратеници, и да мора да ги остварат изборните ветувања. Можете ли да замислите да нема изборни измами и притисоци?
Замислете по избори партиите со најмногу добиени пратеници да прават постизборна коалиција и влада за полесно спроведување на дадените ветувања, а опозицијата максимално да им помага во тоа – со конструктивна критика.
Замислете платите на функционерите да се колку просечната плата во државата, без допонителни бенефиции и тие службата на граѓаните да ја сваќаат како служба и оддолжување кон сограѓаните и државата.
Замислете заради чесните функционери – да мора максимално да се почитуваат и спроведуваат законите во државата, а институциите да работат строго по закон!.
За сето тоа да стане реалност потребно е само едно: да се измени криминалниот изборен закон – и да се воведат отворените листи!
Затоа ние ДЕМОКРАТИ толку силно се залагаме за ИТНО воведување на отворените листи во Македонија.
И замислете, згора на сето ова, уште на избори со отворени листи, заради гласањето за личности, а не за партии – нема да има губење и прелевање на гласови, кандидатите со најмногу гласови од граѓаните ќе станат пратеници и така се губи и неопходноста од воведување на една изборна единица!
Е затоа вистински патриотизам е воведувањето на отворените листи во Македонија, и затоа ние ДЕМОКРАТИ максимално ќе се бориме за оваа најголема и најприоритетна цел за Македонија, воведувањето на отворени листи – што поскоро да стане РЕАЛНОСТ!
Претходно ЕВРОПСКИ ИЗБОРИ!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ