Откога завршија изборите на 8 Мај и се формира Влада, за жал, Владата продолжува со старата криминална пракса на именување на директори и заменици директори, без да објави јавни огласи и вработува несоодветни кадри, кои се со несоодветно образование и стручност (како што е примерот во затворот во Штип, каде е именуван за директор, дефектолог од редовите на ДПНЕ и заменик директор, угостител од редовите на ЗНАМ). На тој начин не им се дава шанса на најдобрите стручни кадри со соодветно образование, да можат да конкурираат на јавни огласи и да бидат избрани и успешно да ги менаџираат државите и јавните институции.
ДЕМОКРАТИ ги сметаат овие методи на вработувања криминални и самите вработувања се партиско-политички вработувања на свои послушници и лепачи на плакати, без соодветно образование и стручност од страна на партиите кои се на власт.
ДЕМОКРАТИ се борат подолго време да се спречат партиско-политичките криминални вработувања на послушници и лепачи на плакати и предлагаат:
1. ИТНО да се донесе закон Владата, министрите, директорите да немаат надлежност да вработуваат директори и заменици директори
2. ИТНО да се донесе закон сите вработувања во државните и јавни институции да се вршат преку јавен оглас
3. За секое работно место да има прецизни услови под кои ќе се вработуваат граѓаните
4. Да се формираат комисии за вработување во секоја општина од граѓани кои се политички независни
5. Единствен услов за вработување да биде образованието, професионалноста и искуството, а не политичката и националната припадност!


