Членот на советот на Јавни обвинители, Иџет Мемети пред судот призна дека со врховниот судија Наќе Ѓеоргиев помогнале поранешниот градоначалник на Ново Село да добие поблага затворска казна и за тоа биле наградени. Призна вина и направи спогодба со судот, за да избегне судски процес во кој му се закануваше затвор до пет години. Мемети се спогоди со судот и доби условна казна од една година затвор.
ДЕМОКРАТИ подолгу време кажуваат дека судството и јавното обвинителство се инфицирани со тежок криминал и обичните граѓаните се осудени на пропаст пред да се појават на суд!
За жал, нема правда во Македонија, за некој државата е мајка, а за некој маќеа.


