Одкако Уставниот суд донесе одлука да се укине,,Балансерот “,кој им овозможуваше на албански партии да си вработуваат свои партиски полтрони, под изговор на правична и етничка застапеност во јавните установи, сега истите албански партии го напишаа новиот предлог закон за правична и соодветна застапеност по етничка основа.
Овој предлог закон е уште една манипулација со граѓаните, вработувањата да бидат повторно како и до сега, по етничка припадност!
ДЕМОКРАТИ се против новиот предлог закон за правична и соодветна застапеност по етничка основа и ги повикуваат пратениците да не гласаат за овој закон.
ДЕМОКРАТИ подолго време се борат, единствен услов за вработување во јавната администрација да биде мерит системот, поточно стручноста и компетентноста, а не етничката или партиската припадност!
Демократи секогаш со граѓаните!


