Промената на Кривичниот закон и намалувањето на казните, доведе, криминалците да си ги задржат и уживаат украдените милиони и милијарди евра и уште повеќе го стимулира криминалот

За жал, пред повеќе месеци во Собранието на Македонија ненародните пратениците ги изгласаа промените во Кривичниот закон, со што ги намалија казните (наместо да ги зголемат), што доведе до застарување на кривичните дела на многу криминалци – политичари – функционери, на кои им овозможија да си ги задржат и уживаат украдените милиони и милијарди евра од народот, додека тој истиот народ се дави во долгови и живее мизерен живот.
Промената на Кривичниот закон и намалувањето на казните доведе до стимулирање на криминалот и криминалците, без страв, да продолжат да го пљачкаат немилосрдно народниот буџет и во иднина, и да ја уништуваат Македонија и народот.
Ова е преседан од невидени размери од страна на ненародните пратеници – криминалци, кои го изгласаа овој криминален закон на легален начин и наместо да ги зголемат казните, тие ги намалија.
ДЕМОКРАТИ предлагаат ИТНА промена на Кривичниот закон:
1. Казните да се зголемат за сите политичари – функционери – криминалци
2. Минимална казна да биде 10 години затвор до доживотна и воведе смртна казна!
3. Да не застаруваат кривичните дела на функционерите – криминалци
4. Да не се амнестираат функционерите – криминалци
5. Да се донесе закон за потекло на имотот и конфискува украденото
Сама така ќе го спречиме криминалот и корупцијата во Македонија!
ДЕМОКРАТИ секогаш со граѓаните!
Претходно Никогаш во историјата на Македонија немало толку неписмени со унивезитетски, постдипломски и докторски дипломи!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ