ДЕМОКРАТИ веруваат дека Ахмети знае каде се наоѓа Груби, но сака да го заштити, од проста причина што Груби многу знае за Ахмети.
ДЕМОКРАТИ ја поздравуваат и поддржуваат црната листа на САД и се благодарни на Стејт департментот што со факти и докази не информираат за луѓето кои се занимаваат со корупција и криминал во Македонија!
ДЕМОКРАТИ бараат ИТНА интервенција од Владата, МВР и Јавното обвинителство да ги испитаат сите кои се на црната листа на САД и кривично да ги прогонуваат!
Време е сите криминалци да одговараат пред лицето на правдата!
Демократи секогаш со граѓаните!


