Сезоната на пожари е во тек и ова лето,
регистрирани 52 пожари на отворено, од кои 46 изгаснати, а 6 сеуште активни.
Еден од најтешките е близу Прилеп, покрај патот кон Битола. Во меѓувреме, денеска се појавиле и нови пожари, според информацијата на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
ДЕМОКРАТИ ја прашуваат Владата и Стојанче Ангелов, (кој е 25 години на раководни функции во Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување), зошто досега не се набавиле хелихоптери и авиони за гаснење на пожари на непристапен терен?
Владата знае да ги троши народните пари за триста глупости (30 дена прослава за 35 години независност на Македонија), наместо парите од народот буџет да се трошат за повеќе пожарникари и обезбеди опрема за превенција и ефективно гасење на пожарите.
Поради тоа ДЕМОКРАТИ апелираат до Владата наместо да се моли за помош до ЕУ, да ни испратат хелихоптери и авиони за гаснење пожари, да инвестира во пожарникари, противпожарни возила, пилоти, хелихоптери и авиони за гаснење пожари.
Зарем треба да се случи повторна катастрофа, како лани, каде илјадници хектари со шуми и објекти изгорееа и граѓаните беа во огромна опаснист, а потоа да се бара решение, наместо да се спречи да се дојде до тоа?!


