Македонија со години се претвора во држава заробена од криминални политички банди. Граѓанинот е оставен без моќ, додека политичките елити создадоа систем во кој власта си служи самата на себе, наместо на народот.
Главниот проблем не е само кој е на власт – туку самиот систем што им овозможува на едни исти луѓе со децении да ја контролираат државата, институциите и животот на граѓаните.
Затоа ДЕМОКРАТИ предлагаат суштински промени преку закони што ќе стават крај на политичката злоупотреба на моќта и тоа:
1. Итна измена на криминалниот Изборен законик.
2. Донесување на Закон за ограничување на извршните функции.
Никој да не може да извршува политичка или извршна функција повеќе од 8-10 години вкупно. По истекот на 8-10 години следува политичко пензионирање – без исклучоци.
3. Донесување Закон за една функција.
Еден политичар – една функција. Ќе ставиме крај на праксата едни исти луѓе да држат по две, три или повеќе позиции, додека стотици илјади млади ја напуштаат Македонија барајќи работа и иднина.
Основата на слободна, демократска и праведна Македонија мора да биде ограничување на политичката моќ.
Историјата покажала дека секое концентрирање на моќ кај мал број луѓе, води кон злоупотреби и диктатура.
Интересите на државата и народот мора секогаш да бидат над интересите на политичарите и партиите. Граѓанинот е оставен без моќ, додека политичките елити создадоа систем во кој власта си служи самата на себе, наместо на народот.
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат за правна, функционална и економски развиена Македонија!


