ДЕМОКРАТИ ГИ ПРАШУВААТ УСТАВНИТЕ СУДИИ ЗА КОЈ РАБОТААТ, ЗА ЗАШТИТА НА УСТАВОТ И ЗАКОНИТЕ ИЛИ ЗА ПОЛИТИЧКИТЕ КРИМИНАЛНИ ПАРТИИ?

На денешната седница Уставен донесе одлука со 5 гласа за и 3 гласа против, правилата за државно финансирање и рекламирања остануваат исти и оцени дека Собранието има простор со закон да го уреди начинот на распределба на средствата за изборно рекламирање и подеднакво рекламирање. За жал Уставните судии кои гласаа за, направија огромна грешка, бидејќи пратениците ако сакаа да го променат криминалниот Изборен законик ќе го направеа тоа досега, а имаа повеќе од деценија да го направат тоа.
ДЕМОКРАТИ поднесоа претставка-иницијатива пред повеќе од една година, У.бр. 145/2025, со која ги оспоруваа одредбите за распределбата на средствата и рекламниот простор меѓу политичките партии за време на кампањата на изборите, затоа што помалите партии се тотално дискриминирани со криминалниот Изборен законик за време на изборите. Партиите кои имаа пратеници во Собрание добиваат милиони евра за реклама, а партиите кои немаа пратеници добиваат триесетина илјади денара и неколку секунди за рекламирање за време на Изборната кампања. Сакаме да потсетиме дека секои нови избори се почнува од нула и сите учесници треба да имаат исти услови за време на кампањата!
ДЕМОКРАТИ ги прашуваат Уставните судии за кој работаат, дали за заштита на Уставот и Законите или за криминалните политички партии кои во Собрание донесоа криминален Изборен законик во нивна корис, а на штета на помалите партии кои немаат пратеници во Собрание.
ДЕМОКРАТИ најостро ја осудуваат одлуката на Уставниот суд, бидејќи сметаме дека Уставниот суд не донесе праведна одлука и со тоа не го штити Уставот и законите и помалите партии од пратениците кои донесоа криминален Изборен законик на легален начин во Собрание!
ДЕМОКРАТИ се борат за ИТНА измена на криминалниот Изборен законик, спроведување на фер и демократски избори, со што би се спречиле криминални избори во иднина!
ДЕМОКРАТИ ВЕЛАТ: КОГА ПОЛИТИЧКИТЕ КРИМИНАЛНИ ПАРТИИ И НИВНИТЕ КРИМИНАЛНИ БАНДИ ГО КОРИСТАТ КРИМИНАЛНИОТ ИЗБОРЕН ЗАКОНИК ВО НИВНА КОРИСТ, СЕКОГАШ НА ВЛАСТ ДОАЃААТ КРИМИНАЛЦИ КОИ ЈА УНИШТУВААТ И РАЗНЕБИТУВААТ МАКЕДОНИЈА И НАРОДОТ!!!

Претходно ДЕМОКРАТИ БАРААТ ОД ВЛАДАТА И ПРАТЕНИЦИТЕ…

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ