Како газдите на одредени фирми незаконски и криминално профитираат на грбот на работниците

Државната финансиска помош што им беше доделена на фирмите за да им биде исплатена на вработените во форма на плати и да ги задржат на работа, газдите си ги ставиле во џеп, а има и такви случаи каде газдите барале од вработените да им ги вратат исплатените плати.

УЈП вчера објави дека само во април и мај 4,5 илјади компании ја злоупотребиле државната помош, со што го оштетиле буџетот за 2 милиони евра.

Исто така денес директорката на УЈП откри и нови злоупотреби. Голем дел работниците поднеле претставки каде тврдат дека газдите им дале плата, но побарале веднаш да им ја вратат.

ДЕМОКРАТИ бараат од УЈП јавно да ги објави имињата на фирмите и газдите.

ДЕМОКРАТИ бараат итно од јавниот обвинител и МВР да ги испитат сите овие криминални злоупотреби на народоните пари, кривично да бидат прогонувани сите што го прекршиле законот, а парите да им се дадат на вработеноте за кои беа наменети, а не газдите на криминален начин да се богатат на сметка на вработените.

Претходно Универзална сала

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ