Продолжува манипулацијата на граѓаните од страна на Владата и Собранието преку мерката Викенд без ДДВ

Продолжува манипулацијата на граѓаните од страна на Владата и Собранието преку една од мерките од четвртиот пакет антикризни мерки, Викенд без ДДВ.
Граѓаните кои што ќе купуваат домашни производи, услуги и ИТ опрема овие три дена ќе добијат целосен поврат на ДДВ до 30.000 денари.

Фискалните сметки во рок од три дена од издавањето ќе мора да ги скенираат преку апликацијата Мој ДДВ. Околу 350 000 граѓани се регистрирани во системот на Управа за јавни приходи за скенирање на фискални сметки.

Према проекциите на Владата ова мерката ќе оствари промет од сто и седумдесет милиони евра, со што ќе му се помогне на стопанството, а граѓаните ќе имаат повратот седумнаесет милиони евра.

По брза постапка вчера Собранието ја донесе ова мерка.

Управа за јавни приходи апелираше дека за целосна реализација на оваа мерка сите трговци треба да ги означат македонските производи, услуги и компјутерска опрема, поточни кажано да ги означат во фискалната сметки со цел непречено враќање на ДДВ.

Исто така УЈП кажа дека за да се спречат евентуалните малверзации со покачување на цените на терен ќе има инспектори.

ДЕМОКРАТИ длабоко се убедени дека ова мерки е само голема манипулација со граѓаните и нема да им помогне на граѓаните да излезат од ова катастрофална економска криза која е креирана во последните 30 години од владејачките партии и политичари.

Затоа ДЕМОКРАТИ предлагаат итно Владата и Собранието да го разгледа нашиот предлог на трајно намалување на ДДВ од 18 проценти на 6 проценти. Само така ќе имаме трајни и ефективни мерки за развој на економијата и повеќе пари ќе им останат на граѓаните кои ќе можат да ги користат како што сакаат, а не Владата и Собранието да ги манипулира граѓаните и нуди милостини.

Претходно Европската комисија бара од Македонија конфискацијата на имотот стекнат со криминал и корупција

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ