БАШИБОЗУК!

Дека во државата владее беззаконие и башибозук, и дека аздисаните лидерчиња, со помош на затворените изборни листи, си ја заробиле државата и си прават што сакаат во неа – говорат нивните изјави по лидерската средба. Мицкоски по средбата, меѓу другото, изјави:

– Ковачевски предложил во парламентот да се изгласа потребата од промена на уставот, а потоа да се формира влада во која, од десетте ресори со кои менаџира СДСМ, пет ќе му бидат дадени на ДПНЕ.
– Оваа влада да ги заврши сите фази на промената на уставот и да почнат преговорите со ЕУ, па потоа таа влада да организира предвремени парламентарни избори.
– На оваа „понуда“ на Ковачевски Мицкоски рекол дека ДПМНЕ е готова да влезе во влада со СДСМ и останатите партии – но без учество во владата од ДУИ.

– Портпаролот на ДУИ Бујар Османи, веројатно по консултација лично со Ахмети, веднаш на фејсбук напиша дека ДУИ се согласува да не биде дел од владата – откако претходно се изгласаат и стапат во сила уставните измени, и дека ќе гласа за таква влада.

Дали во оваа држава има закони кои се почитуваат, или владее тотално беззаконие и башибозук, па лидерчињата на партиите си се договараат и си прават што си сакаат, и тоа како тие лично ќе си се договорат?

– Како може Таче да му нуди на Мицко гласање на промена на уставот во парламентот?
Како тие однапред знаат како ќе гласаат пратениците на коалициите на СДСМ и ДПНЕ – освен ако не ги заробиле и не ги држат под максимална контрола, на „кратко јаженце“?

– Дали има закон за влада, и како може Таче да си се пазари со Мицко колку и кои ресори да му ги даде на располагање?
– Дали има закон за собрание, и како може Таче и Мицко да си договараат предвремени избори како ќе им текне – ама на наш, државен трошок?
– Како може составот на идната влада да го договараат Таче и Мицко, без да ги прашаат партиските тела и нас граѓаните кои сме им ја дале довербата, и плус Ахмети да им го прави ќеифот и да излегува од влада – без прашување и одобрување на партиските органи и гласачите кои ги гласале?

Јасно е дека ова е мајтапење со државата, со законите и со нас граѓаните, и дека ние граѓаните на ова лудило треба дефинитивно да му ставиме крај.

Ова лудило го овозможува изборниот закон со затворени листи, тој им ја дава изборната моќ на лидерчињава да се мајтапат со нас граѓаните, со пратениците и со државата како си сакаат, и таа моќ треба ИТНО да им се одземе – како што мора итно да се одземе смртоносното оружје од рацете на незрели малолетници!

А изборната моќ им се одзема на лидерчињата и се враќа кај нас граѓаните – само со измена на криминалниот изборен законик и со воведувањето на Отворените листи.

Бидејќи овие лидерчиња со децении ја злоупотребуваат нашата граѓанска доверба и ни ја крчмат државата – на следните избори сите да гласаме за партијата која се бори за ИТНО враќање на изборната моќ кај нас граѓаните со помош на воведувањето на Отворените листи – за партијата ДЕМОКРАТИ!

Само со Отворените листи и со ДЕМОКРАТИ, ние граѓаните можеме да очекуваме НАШИТЕ пратеници во собрание и НАШИОТ премиер да ги застапуваат НАШИТЕ граѓански интереси и да не консултираат за најважните државни прашања, да ги почитуваат и применуваат законите, и Македонија да стане функционална држава на сите граѓани, достојна за почит!

Претходно НАЈАВА НА УСПЕХОТ!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ