Од толку ,,европско” во власта и Албанија ќе не претрка на патот кон ЕУ!

Деновиве се одржува Самитот на ЕУ, како завршница на едно циклично претседавање со Унијата но и кога се соопштуваат оценките која земја како котира на патот кон тој толку посакуван клуб.
Македонија го заврши скринингот успешно, но она што недостасува се уставните измени за влез на Бугарите во уставот, обврска која ја презела криминализираната власт без јасна визија дали ова и ќе може да го испорача.
Математиките со опозицијата не и успеаа и сега сме таму каде што сме, ни напред ни назад, ни горе ни долу. Исток не отпиша, запад не не запишува, што вели нашиот народ.
Но политичарите си најдоа нова занимација, техничка влада и избори. Сега следниве 6 месеци не очекувајте решавање на вашите проблеми, почитувани наши сограѓани.
Овде се е подложено на изборите, зашто некому значат 78% покачена плата со која достигнал плафон од 2000 до 3000 евра, некому значат ,,проџа” за валканиот бизнис, а некому ,,слобода” заштитен од криминалната врхушка на власт залегнат како бубрег во лој и натаму да си краде и да си корумпира каде ќе стигне и колку ќе стигне, затоа ним изборите им се живот, повеќето без конкретни професии па затоа потоа бараат и едногодишна апанажа, пари кои се истиснуваат од и онака осиромашениот буџет кој половината се полни со кредити.
Им поделија на граѓаните по некоја илјадарка од 1000 до 3000 денари, на студентите по 1000 денари и мислат дека се мирни и си ја завршиле работата, а народот им е задоволен.
Не почитувани. Еве повторно слушаме дека онколошките болни од Битолската болница неколку недели немале терапија?
До кога?
За случајот во скопска Онкологија пак политичките банди и во власт и во опозиција гледаме како ја движат работата во анкетната комисија во Собранието, само превирања, само обвинувања, гол популизам и додворување на јавноста, а материјално не сработиле ништо, односно немаме епилог кој е виновен за клукањето на болните со обичен раствор наместо третман со најсовремена терапија.
Замрзнатото обвинителство со Јовески уште не го извадило случајот од степен на предистрага, во меѓувреме медицинската сестра која била алка во целиот криминален синџир, замината е странство.
А и болните веќе се разочараа не очекуваат веќе ништо од разулавените булументи и на власта и на опозицијата СДС, ДУИ и ДПНЕ, тие истите што манипулираат со граѓаните и со процесите изминатите 32 години.
Не очекувајте милостиња почитувани наши следачи, членови, симпатизери и поддржувачи.
Моќта е во вас, во вашиот избор, да не ги гласате овие криминализирани партии и можност со својот глас да ни дадете нам на ДЕМОКРАТИ. Партија која е антипод и нема ништо заедничко со СДС, ДУИ и ДПНЕ, и што е изворна творба и организација која потекнува од потребата и нуждата овие три партии да се испратат во мрачната македонска историја, тажната историја на нашиот напатен народ и држава, кои многу скапо ги платија и плаќаат нивните раскалашени политики, политизирања и нивниот раскошен расипнички живот!
Болна транзиција, масовно иселување, руинирано образование, здравство, судство, руинирано се.
Затоа почитувани придружете ни се во ,,Фронт за спас на Македонија” зашто работата со криминалите на овие партии со нивното разнебитување, ограбување, обезличување бараат активизам за спас на она што остана од Македонија и од нас кои сме решиле иднината да ја градиме овде.
Ве очекуваме, да го окрупниме Фронтот, се друго ќе биде натамошно руинирање.
Претходно Не можете да ги лажете студентите со мизерни 1.000 денари месечна финансиска помош наредните 7 месеци!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ