Ненародниот премиер Ковачевски и Мицкоски смислено, повторно спремаат голема манипулација со нашите умови, наведувајќи не дека на следните избори ќе има само два блока: про-европски и анти-европски, па ние граѓаните да се спремаме за кого да навиваме и за кого да гласаме.
И Ковачевски, и Мицкоски и Ахмети мислат дека сме со кратка памет и дека ќе заборавиме дека нивните злосторнички здруженија СДС-ДУИ-ДПНЕ се тие кои што ја заробија, корумпираа, криминализираа и ограбија Македонија, и дека пак ќе не замајат со нивната демек меѓусебна борба.
ДЕМОКРАТИ јасно и гласно ви кажуваат, не Ковачевски, Мицкоски и Ахмети, на избори нема да има само про и анти-европски блок.
Ќе има и трет, победнички, про-граѓански, про-европски и про-отворени листи блок на Фронтот за спас на Македонија, кој ќе се бори за ИТНО промена на криминалниот Изборен законик и воведување на Отворените листи во Македонија, и кој ќе се бори за интересите на нас граѓаните, за конечно ние да станеме власт во нашата држава!
Ниту против нас граѓаните, ниту против нашиот трет блок на изборите СДС, ДРПНЕ и ДУИ знаат дека немаат никакви шанси, па мижат и молчат сметајќи дека така блокот на граѓаните – Фронтот за спас на Македонија ќе исчезне. Но со тоа само уште повеќе не мотивирате нас граѓаните, и победата на Фронтот за спас ќе биде уште поголема.
Ние сме веќе победници затоа што го формираме овој блок за промена на криминалниот Изборен законик, воведување на Отворени листи и за граѓанска држава, и затоа што поддршката од граѓаните за Фронтот за спас расте секојдневно.
Вистината не може да се запре, ниту нашата желба да ги воведеме Отворените листи во Македонија и да си ја вратиме украдената и заробена држава!
Македонија вечна и вековита


