Стоиме во заштита и просперитет на земјоделието и сточарството во Македонија!

Македонија е земјоделска држава и може да го храни сопствениот народ и дури да извезува во други земји, но за жал, нашата извртоперена власт веќе увезува производи загадени со пестициди.
МАКЕДОНСКИ СКАНДАЛИ
Скандали кои што се однесуваат на увоз на земјоделски производи, како што беше увозот на зеленчук од Албанија кој што е загаден со пестициди и тешки метали. Она што не изненадува е тоа што наместо власта да признае за овој голем пропуст се обидува со околни анализи и соопштенија да креира лажни вести.
Меѓутоа аргументите и фактите се на страна на страдањето на Македонскиот земјоделец и сточар.
Земјоделците изминатите години се соочуваат со доцнење односно неисплаќање на субвенциите, злоупотреба по партиска основа, пропусти во делот на водоснабдување на земјоделските површини, злоупотреба на земјоделското земјиште и најгорливиот проблем откуп и пласман на земјоделските производи.
Земјоделските производи завршуваа на буниште, односно земјоделците не можеа да го продадат својот род и беа доведени до ситуација да се соочат со проблеми на егзистенцијата. И тука се сите, лозарите, тутунарите, оризопроизводителите, сточарите, млекарите. Така што нема гранка која што не е уназадена, наместо унапредена.
Кога ДЕМОКРАТИ ќе менаџираат со државата ништо не ќе биде вака.
Ние ќе му го вратиме достоинството на земјоделците.
ДЕМОКРАТИ гарантираат откуп и цена на производите, а со тоа ќе се спречи земјоделските производи за завршат на буниште и земјоделците да имаат повисок животен стандард и подобар живеат.
Ние имаме сериозен план и креативна визија, човечки капацитет, знаење, проекти и мерки кои што ќе значат враќање односно рестартирање на македонското земјоделие. Гарантираме сигурен откуп и цена на Македонските земјоделски производи.
ДА, НИЕ МОЖЕМЕ!
Затоа бидете со нас!
Бидете дел од нас за да учествувате со ваши предлизи и решенија во делот на земјоделието и сточарството.
Заедно ќе градиме квалитетен систем, среќни лица, посветла иднина за сите граѓани на Македонија.
ПРИДРУЖЕТЕ ни се во ФРОНТОТ ЗА СПАС НА МАКЕДОНИЈА!
Претходно ,,Заштити, зајакни, подготви” гласи мотото на ЕУ

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ