Здравствениот систем, особено јавното здравство, со децении се соочува со сериозни проблеми!

Постои една многу едноставна, но важна дефиниција на СЗО од 1999 година што ја одредува целта на здравството во општеството а таа е дека треба „да им се овозможи на сите луѓе, највисоко можно ниво на здравствена состојба“
при што е очигледно дека акцентот е ставен на зборовите „највисоко можно ниво“ со што тоа се става во контекст на конкретните прилики во секоја земја.
Дали ние во моментов обезбедуваме такво ниво е многу дискутабилно прашање.
Огромна предност на нашиот здравствен систем беше тоа што, во процесот на транзиција тој не мораше радикално да се трансформира, бидејќи уште во ерата на социјализмот беше релативно добро развиен и потпрен на солиден систем на задолжително фондовско јавно здравствено осигурување (т.н. Бизмарков модел). Ниедна земја во регионот, освен поранешната држава, ја немаа таа предност и фондовскиот систем по 1990 година го градеа од темел. Но, таа предност, со текот на годините, стана и нашиот голем пораз.
Немањето потреба од големи и радикални промени какви што се случија во другите потсистеми од нашево општество доведе до тоа, здравствениот систем на некој начин да потоне да речеме во „самозадоволство“ кое го претвори во еден релативно тром, нединамичен, недоволно ефикасен систем, што нема склоност кон свое реформирање.
Таквата состојба ни испорача своја горчлива цена. Додека медицината и грижата за здравјето на луѓето во светот напредуваа, системот на здравствена заштита и особено на здравственото осигурување кај нас заостануваа.
Денес ние имаме состојба во која Македонија има универзално здравствено осигурување на населението и законски дефинирана целосна опфатеност на населението со јавно здравствено осигурување од 100 отсто. Тоа значи дека секој жител е здравствено осигуран преку плаќање на задолжителен здравствен придонес или тој му го покрива државата.
Впрочем, тоа е и меѓународен тренд, а Македонија е на самиот негов врв. Сепак, здравствените услуги де факто нередовно се добиваат или се добиваат по долго чекање и многу неквалитетно, па оттука обезбедувањето на здравствени услуги на пазарот преку директни плаќања од страна на граѓаните од своите средства достигна до 35 % од вкупните пари дадени за здравствена заштита, дирекно за услуги кои ги нема во јавните установи и болните мораат да ги прават во приватните.
ДЕМОКРАТИ ви ветуваат современ , ефикасен здравствен модел на бесплатно здравство и квалитетна нега и здравствена заштита за сите граѓани.
ДЕМОКРАТИ:
Ние можеме!
Ние мораме!
Ние знаеме на кој начин тоа се обезбедува!
Дадете го вашиот глас за ДЕМОКРАТИ И ФРОНТОТ ЗА СПАС НА МАКЕДОНИЈА !
Претходно ДА, НИЕ МОЖЕМЕ!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ