За жал, со децении живееме мизерен живот, секој ден живееме под огромни стресови, сиромаштија, неисхранетост, пониженост, неквалитетна медицинска нега, трпиме невидени неправди, не пљачкаат политичките криминални банди и секојдневно не трујат со отровен воздух, кој во зимскиот период ни го уништува здравјето и си умираме, пополека но сигурно.
За жал, сме оставени на милост и немилост од страна на властите кои покрај тоа што не крадат и понижуваат, не трујат, ни ги трујат децата, внуците, семејствата и нашите сограѓани.
Пред еден ден Скопје беше на трето шесто во светот по загаденост, а Битола на второ место!
Секоја година станува по опасно да се живее во Скопје,Тетово, Битола и други градови низ Македонија за жал. Секој ден во зимскиот период нашите градови оборуваат светски и европски рекорди по загаденост на воздухот, кој отровен воздух му нанесува огромни штети по здравјето на новородените деца, децата и на целата популација, вклучувајќи ги и животните и животната средина!
Но што уште пожалосно и по опасно за сите нас е што си молчиме и не се бориме за чист возду, за здрава животна средина, дозволуваме пополека но сигурно да бидеме труени и да си умираме се додека еден ден сите не не иструјат до смрт.
Трагедијата да биде уште поголема не се бориме да ги заштитиме децата и старите кои најповеќе страдаат од отровниот воздух.
Зошто дозволуваме нашите деца и внуци да дишат отровен воздух кој е штетен по нивното здравје?
Што ќе им кажеме на децата и внуците кога ќе не прашат зошто не се боревте да имаме чист воздух и сега ние имаме огромни здравствени проблеми?
Како Демократи сметаме дека е наша одговорност како родители, баби и дедовци да ги заштитиме децата и внуците!
Дали некој се има прашано зошто дозволуваме ова да ни се случува?
Зошто дозволуваме да ни ги трујат децата и внуците?
До кога народе ќе молчиме, ќе се плашиме и ќе дозволуваме да не трујат?
Има една народна која вели ,,Народ кој е под ропство и не се бори да се ослободи од ропството останува роб до крајот на животот”!


