Инспирација за овој напис ми дадоа ДЕМОКРАТИ и нивниот претседател Јорго Огненовски со постот дека ДЕМОКРАТИ, заедно со народот, се борат за бесплатно и врвно здравство, како и тврдењата на некои нивни фејсбук „пријатели“ дека тоа е лага, дека тоа не е можно, дека е заблуда, дека во ниедна богата земја нема бесплатно здравство, и дека тоа е чиста манипулација.
Специјално за нив побарав и најдов дека во 47 земји на светот има бесплатно здравство, од кои ќе ги наведам: Австрија, Белгија, Чиле, Хрватска, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Јапонија, Канада, Австралија, Латвија, Литванија, Холандија, Норвешка, Шведска и многу други. Она што ми е интересно е што сите овие држави ги поврзува една работа – ОТВОРЕНИТЕ ИЗБОРНИ ЛИСТИ !
Со затворените изборни листи државата се корумпира, криминализира и партизира, огромни наши буџетски средства се одлеваат во криминал и корупција и се перат и крадат од државата, а исто така и огромни државни средства се одлеваат за партиските војници – гласачи од непродуктивната, неефикасна и превработена државна администрација, па затоа не остануваат пари во буџетот за здравството да ни биде бесплатно.
Ако и во Македонија се воведат ОТВОРЕНИТЕ ЛИСТИ, ако и во Македонија почнат да се почитуваат и спроведуваат законите, ако тие важат еднакво за сите – ќе се сузбијат криминалот, корупцијата и крадењето од државниот буџет, и ќе останат огромни средства за бесплатно здравство. Ако, со помош на ОТВОРЕНИТЕ ЛИСТИ, се оптимизира и бројот на државната администрација, ако се задржат само најквалитетните и ако огромната партиска војска – гласачи се тргне од нашиот буџет, ако се вработи и почне да го полни буџетот – ќе останат уште повеќе пари во буџетот за бесплатно здравство.
Ете од каде имаат пари богатите држави, и токму затоа и се богати – заради изборниот систем со ОТВОРЕНИ ЛИСТИ, кој форсира квалитет, почитување на законите и ја развива економијата. И ете зошто, ако на следните избори сите гласаме за ДЕМОКРАТИ и Фронтот за спас на Македонија, ќе може ИТНО да го промениме криминалниот Изборен законик и ќе да се воведат Отворените листи и ќе се воведе бесплатно здравство во Македонија!
Пишува Johan Peterson


