ДЕМОКРАТИ се против избор на претседателот на државата во Собрание!

Албанскиот политички кампус деновиве постави услови доколку некој сака да влегува во коалиција со нив. Очекувано тие излегоа со барање за промена на Уставот, избор на претседателот на државата во Парламентот и по принципот на Бадентер, натаму потпретседател на државата и замена на 20 % со Албански јазик.
Владејачката партија не гледа опасност во овие барања додека ДПНЕ се противат со образложение дека албанците покрај изборот за во Владата сакаат да го контролираат и изборот на претседателот на државата.
За жал, со мизерни македонски партии не е ни чудо што албанските партии ја контролираат Македонија и и се разбира бараат претседателот да го Бора ненародното Собрание, а се разбира и да се воведи функцијата на потрчко и измеќар потпретседател на државата.
ДЕМОКРАТИ се ПРОТИВ изборот на претседателот на државата да се врши во Собранието туку да е на непосредни избори од страна на граѓаните. Без да има поставен цензус за политичките партии за излезност туку од вкупниот број на гласовите да победи оној со освоени 50% +1. И да не се измачуваат кандидатите и партиите да собираат по 10 илјади потписи. Зошто се тие потписи. Со овој праг практично големите партии направиле, помалите партии никогаш да немаат шанси да учествуваат со свој претседателски кандидат бидејќи 10 000 потписи да се соберат за две недели е буквално невозможна мисија.
Што се однесува до албанските барања за потпретседател на државата и бирање на претседателот во собрание и албански јазик наместо 20 %, тоа е дел од предизборниот фолклор на албанските партии кој за да им помине потребно е двотретинско мнозинство или над 80 пратеници..Но како залагање пред албанскиот електорат дека е сега време и за Албанец претседател покрај премиерот независно што е со технички ингеренции, може да им се ,,простат” од потребата за билдање на сопствениот рејтинг во очи на изборите и ништо повеќе од тоа.
Почитувани граѓани, ве покануваме да ни се придружите во Демократи и ФРОНТОТ ЗА СПАС НА МАКЕДОНИЈА, за да им ставиме крај на злосторничките здруженија на СДС-ДПНЕ-ДУИ, нивните полтронски приврзоци и нивните злосторнички криминални банди и да го спречиме понатамошното пљачкање, уништување и разнебитување на Македонија, нашите деца, внуци и сограѓани!
МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА И ВЕКОВИТА!
Претходно КАДЕ НИ Е ОДГОВОРНОСТА НА СИТЕ НАС КОИ СОЧИНУВАМЕ ОПШТЕСТВО?

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ