Деновиве ВЛЕН (коалициониот партнер на ДПНЕ и ЗНАМ), се огласи, дека ќе формира Албанска Академијата на науките и уметностите. За жал, политичките елити на ВЛЕН покрај тоа што немаат основно познавање кои се критериумите да се биде член на Македонската Академија на науките и уметностите (МАНУ), со формирање на Албанска Академијата на науките и уметностите, прават уште поголема сегрегација помеѓу граѓаните, наместо интеграција и создавање на граѓанско општество со еднакви права и можности за сите граѓани, независно од етничката или верската припадност.
На кој му е потребна МАНУ која постои 6 децении?
Сигурно не’ на народот или на Македонија, кои се оставени на милост и немилост на злосторничките политички криминални банди од редовите на злосторничките криминални партии на СДС-ДПНЕ-ДУИ, кои 33 години ја уништуваат и разнебитуваат Македонија.
МАНУ и е потребна на академиците, кои се борат за да имаат што повеќе финансиска добивка за себе од македонската држава, а не за доброто на народот и Македонија (чест на исклучоци).
На место да се борат заедно со народот против политичките злосторнички криминални банди, кои 33 години ја уништуваат Македонија, немо и слепо го гледаат уништувањето на народот и македонската држава (чест на исклучоци). Академиците 33 години кокетираат со политичките банди кои се на власт и ги уживаат сите финансиски и други бенефиции, а ништо не направија за државата и народот.
Затоа ДЕМОКРАТИ предлагаат: ИТНО да се укине МАНУ, пред да стане средство за политичко и етничко пазарење!
Македонија вечна и вековита!


