За жал, Мицкоски и Владата предлагаат намалување на данокот на добивка за компании кои остваруваат огромни нето-профити.
Премиерот Мицкоски вели:
,,Ќе се стремиме кон намалување на даноците, но да го видиме приходот оваа година во Буџетот. Но, прв чекор кон намалување на даноците ќе биде оној данок на добивка којшто се плаќа сега и сите мултинационални компании коишто планираат својата добивка да ја консолидираат овде, кај нас а таа добивка изнесува 50 милиони евра плус, ќе добијат би рекол, субвенција. И начинот на пресметка на таа добивка ќе биде до 5%. Ако сега беше 10% фиксна, во овој случај ќе биде до 5%, вели премиерот Мицкоски”.
Мицкоски и Владата немаат основни познавања од економијата, а се разбира и од даночна политика. Тие за жал, предлагаат да се намалува данокот на добивка на сите, на кои им се зголемува нето-профитот, на место да им се зголемува. Со ова работаат во интерес на најбогатите компании и бизнисмени.
ДЕМОКРАТИ предлагаат:
1. Прогресивен данок (да се зголемува процентуално данокот на добивка во зависност од висината на нето-профитот).
2. Највисок данок на добивка да плаќаат најбогатите, а не да им се намалува данокот на добивка.
3. Рамен данок на добивка ИТНО да се укине и да се воведе прогресивен данок
(замислете некој кој остварува 1.000.000 евра нето-профит годишно и некој кој остварува 12.000 евра годишно, плаќаат ист данок на добивка од 10%).


