Сите партии кои формираа коалиција со криминалната партија ДПНЕ, не формираа коалиција за доброто на Македонија и народот, туку за лична корист на претседателите и нивните најблиски соработници.
Вчера Владата одлучи да им додели функционерски и директорски места на дел од коалиционите партнери:
1.Коалициониот партнер Солза Грчева, претседателка на партијата Глас за Македонија ќе има функција да го реформира високото образование.
2. Коалициониот партнер Павле Трајанов, претседател на партијата Демократски сојуз ќе биде национален координатор за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам.
3. Наташа Котлар од партијата Глас за Македонија ќе биде новата директорка на Државниот архив.
За жал, ја продадоа Македонија за мизерни функционерски и директорски места.
ДЕМОКРАТИ се борат подолго време против политичките криминални мотивирани вработувања и се залагаат, единствен услов за вработување во државните институци и јавните претпријатија да биде стручноста и професионалноста на јавни огласи, а не Владата да одлучува кој ќе вработува и да се спречат вработувањата по политичка и етничка припадност!


