Пред пет години Мицкоски за Лидерот на ДУИ Али Ахмети, во интервјуто на Канал 5 зборуваше прекрасно за него како политичар и човек:
„Господинот Али Ахмети е искусен, мудар политичар, се разбира. Јас како помлад можеби и ќе научам или ќе извлечам некоја позитивна специфика од тој разговор кој што ќе го имаме. Апсолутно го ценам и како политичар и како човек”.
Но, во последната година ,,плука” и го напаѓа, тврди дека ќе ја заврши кариерата како обичен криминалец.
„Тој човек, кој себеси се претставуваше како борец за човекови права пред 20 години, изгледа раководен од неколкумина околу него, ќе заврши како човек длабоко вплеткан во криминал но, за жал, го вплеткува и сопственото семејство. Тоа не е добро.
Би ги советувал тие малкумина советници околу него, кои на овој начин го советуваат да испраќа пораки во јавноста, да им ги промени позициите или да престане на овој начин да го вплеткува семејството. Имаше голема шанса , но како што одминува времето, тој не само што ја пропушти таа шанса, туку е и пред сопствениот политички крај како обичен криминалец“, вели Мицкоски.
ДЕМОКРАТИ не му веруваат на Премиерот Мицкоски и поради тоа го повикуваме народот да не му верува, затоа што неговите изјави се манипулативни и не ја кажува вистината.
Народски кажано ,,Едно кажува, друго мисли, а трето прави”!


